Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус.
Претставникот на здравствената служба Фернандо Симон изјави дека развојот на ситуацијата е многу охрабрувачки.
Симон на прес-конференцијата изјави дека „само 71 лице е заразено во изминатите 24 часа“.
Ние сме на многу добро место во развојот на пандемијата “, рече Симон.
Шпанија ги објави првите двa смртни случаи на 3 март, a на 2 април забележа 950 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број на смртни случаи.
Официјалниот број на починати изнесува 27.127, со потврдени случаи од 240.000.