Сингапур ја суспендира употребата на сите авиони „Боинг 737 макс“ откако така одлука донеле Кина и Индонезија, по падот на овој тип на авион во Етиопија.
Ваква одлука донесе и Виетнам, која соопшти дека авионите „Боинг 737“ нема да добијат лиценца додека не се утврди причината за падот на авионот.
Ден откако патничкиот авион на компанијата „Етиопијан Ерлајнс“ падна недалеку од Адис Абебе, каде загинаа сите 157 патници и членови на екипажот, САД соопштија дека тие авиони се безбедни за летање.
Управата за цивилна авијација на Сингапур соопшти дека има многу отворени прашања во врска со леталото и падот.
Инаку сеуште се утврдуваат причините за кои овој авион се сруши пред неколку денови.