Компанијата Боинг планира да објави дека за седум до 10 дена ќе објави ново подобрување на авионите „737 макс“ , кои по несреќата во Етиопија се приземјени во целиот свет.
Американскиот производител на патнички авиони најави надградба на софтверот во авионите Боинг „737 макс“ против губење на брзината и политски екран на овој модел.
Засега нема докази дека авионските несреќи во Етиопија и во Индонезија каде паднаа два такви авиони, сосема нови, се поврзани со софтверска грешка. Над 300 авиони во целиот свет се приземјени, по двете несреќи во кои загинаа над 350 луѓе.
Истрагата за двете несреќи се уште е во тек , иако индонезискиотБоинг се урна во октомври минатата година. Досегашните резултати покажуваат дека стабилизаторот и тримерот во него биле во необична позиција кај етиопскиот авион, слично како кај индонезискиот.
И двајцата пилоти пред уривањето, а веднаш по полетувањето пријавиле дека имаат проблеми со контролата на авионот, а несреќите се случиле на само неколку минути од полетувањето.
До сега никој не го тужел Боинг, но адвокатот на жртвите вели дека е можно судење во САД.
Одлуката кога ќе може повторно да полетаат авионите на Боинг земјите ќе ја донесат откако ќе заврши истрагата на црната кутија.