Американскиот новинар Билал Абдул Карем, кој живеел во северозападниот дел на Сирија речиси една деценија, е ослободен по шест месеци откако бил заробен од екстремистичка група поврзана со Ал Каеда, објавија денеска сириски опозициски медиуми.
Карем, кој е роден во градот Маунт Вернона во американската сојузна држава Њујорк, живеел во северозападниот дел на Сирија кој е под контрола на бунтовниците од 2012 година и известувал за воените кампањи на сириската влада на подрачјата кои се контролирани од опозицијата.
Тој е заробен минатиот август, по извештајот за малтретирањето во затворите на групата Хајат Тахрир ал Шам, која е поврзана со Ал Каеда и доминира во тоа подрачје.
Локални влијателни личности апелирале на екстремистите да го ослободат новинарот