Свет 31. јули 2020. / 09:17

По рекордниот број новозаразени Полска размислува за нови мерки

По рекордниот број новозаразени Полска размислува за нови мерки

Во Полска во последните 24 часа се регистрирани рекордни 615 нови случаи на Ковид-19.

Премиерот, Матеуш Моравјески, изјави дека сака да избегне ново воведување на карантин во земјата, но порача дека Полска ќе користи нови методи за сузбивање на ширењето на вирусот.

Моравјески соопшти дека владата ќе ја анализира ситуацијата со вирусот и ќе донесе одлуки за мерките во втората половина на август.