Свет 24. април 2018. / 18:37

По погребот на сопругата: Џорџ Буш Постариот во болница

По погребот на сопругата: Џорџ Буш Постариот во болница

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш Постариот, е хоспитализиран поради инфекција на крвта.

Според портпаролот на семејството Буш, 93-годишниот поранешен претседател бил примен во болница во неделата, еден ден по погребот на неговата сопруга Барбара Буш.

Буш Постариот се наоѓа на интензивна нега и се опоравува.