Свет 02. јануари 2021. / 18:48

По неколку месеци, конечно се отвора Операта во Сиднеј

По неколку месеци, конечно се отвора Операта во Сиднеј

По неколкумесечна пауза поради пандемијата, Операта во Сиднеј ќе продолжи да работи и се подготвува да ги пречека посетителите за прв пат од март минатата година.

Премиерата на операта „Весела вдовица“ се очекува во вторник, но со намален број на посетители за 75%, што сепак е знак на надеж за музичката индустрија, која беше запрена од пандемијата на корона, изјави за агенцијата Франс прес уметничкиот директор на Операта, Линдон Терасини.

– Враќањето во салата беше трогателно за целиот тим…Мислам дека другите опери ќе започнат да работат наскоро оваа година и луѓето се надеваат дека ќе се вратат во нашите сали, рече тој.

Претставите во затворено не беа строго забранети последните месеци, но операта не работела и нејзиното повторно отворање е одложено поради локалното зголемување на бројот на заразени во декември.

Носењето маски е задолжително во затворен простор, а властите можат да воведат построги мерки во случај да не се смири пандемијата. Досега во Австралија се регистрирани 28.000 инфекции со коронавирус, од што 909 лица починале.