Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен, изјави дека сега е време земјата да донесе одлука за својата иднина и дека нејзината администрација следната недела ќе почне со законски овластувања да распише референдум за независност.
– Народот на Шкотска го кажа своето. Сега е време да одлучиме за својата иднина – изјави рече Старџен откако нејзината партија го зголеми бројот на местата во британскиот Парламент.
Таа, повикувајќи се на администрацијата на чие чело е во Единбург, додаде дека шкотската Влада следната недела ќе објави детален, демократски трансфер на власта за покренување правна постапка за одржување референдум.
Британскиот премиер Борис Џонсон се противи на одржување уште еден референдум за шкотската независност, откако Шкотска гласаше да остане во Обединетото Кралство во 2014 година.