Свет 21. април 2020. / 15:00

По историскиот пад на цената на нафтата: Почнува бран на банкротирање на нафтените компании?

По историскиот пад на цената на нафтата: Почнува бран на банкротирање на нафтените компании?

Цената на нафтата, во понеделникот на њујоршкиот пазар NYMEX го заврши тргувањето во историско  минус од 37,63 долари, односно пад за 300 отсто. За американските компании ова е најлошата вест која можеше да ја добијат.

Американската нафтена индустрија соочена е со кризни преговори и веројатно ќе изгуби милијарди долари од последниот налет. Виновен е Ковид-19, но повеќе се обвинува фактот дека пазарот на нафта никогаш не бил подготвен за ваква ситуација.

Побарувачката за нафта драстично падна и складиштата брзо се полнат. Проблем може да настане и од фактот дека Русија и Саудиска Арабија го преплавија светот со прекумерно снабдување. Тоа предизвика пад на цената на нафтата и тоа ги чинеше американските нафтени компании повеќе пари од било кога.

Најновото тргување со сировата нафта помеѓу 20 и 30 долари за барел е погубно и тоа е кошмар. Многу од овие компании можеби нема да го преживеат овој историски пад. Аналитичарите веќе гладаат бран на нафтени банкроти. Бројката би можела да се искачи до 500 компании до следната година, пишува Њујорк Тајмс.

Енергетскиот сектор оваа година изгуби повеќе од 40% од својата вредност. НБЛ, ХАЛ, МРО изгубиле повеќе од две третини од својата вредност. Дути и Ексон мобајл бележи пад за 38%.

Клучно ќе биде колку долго нафтата ќе остане волку ниска. Брзото опоравување на цената би можело да овозможи на нафтените компании да избегнат банкрот.