Свет 20. август 2018. / 12:21

По десет часа спасена Британката која паднала во море од крузер – еве што ја одржало во живот (ФОТО)

По десет часа спасена Британката која паднала во море од крузер – еве што ја одржало во живот (ФОТО)

Британска државјанка, која синоќа падна во море од крузер, пронајдена е и спасена по десет часа, соопшти хрватското министерство за одбрана.

Четириесетишестгодишната Британка е пронајдена од припадниците на Крајбрежната стража на Цавтат, на оддалеченост од 60 наутички милји од Пула, односно 1,3 километри од местото каде што падна во море од крузерот „Норвешка ѕвезда“.

Јогата и помогнала на Британката да остане фит, пишува „The Sun“, а за да не замрзне преку ноќта, таа пеела.

Во потрагата по жената учествуваа авион, чамец на Пристанишната капетанија и три цивилни бродови.

Британката е во добра здравствена состојба и со брод е префрлена во Пула.