Свет 02. јануари 2021. / 21:17

(ВИДЕО) По цели два дена – француската полиција ја растури рејв забавата со над 2500 луѓе

(ВИДЕО) По цели два дена – француската полиција ја растури рејв забавата со над 2500 луѓе

По два дена новогодишна забава во магацин во близина на францускиот град Рен , специјалните единици ја растурија рејв- забавата, на која имало 2.500 учесници меѓу од неколку европски земји.

По новогодишната забава тие сакале да останат уште една цела недела. Со скоро 2.500 луѓе на оваа забава во четвртокот, учесниците почнале денеска да ги напуштаат просториите . Забавата , организирана преку социјалните мрежи , било предвидена да трае неколку дена, но е прекината во 6 часот, според информациите на БФМТВ и Оуест-Франција, потврдени од АФП.

Голем број на полициски сили биле распоредени во близина на сега празните хангари, за учесниците да не се вратат. На крајот, министерот за внатрешни работи, изјавил дека повеќе од 1.200 лица биле казнети.

Беа изготвени над 800 прекршочни пријави за Ковид мерките, за непочитување на полицискиот час, неносење маска и незаконско учество на собир, како и неколку стотици парични казни за употреба на дрога.