Свет 06. април 2020. / 13:45

По 51 година во брак, заедно починале од корона вирусот

По 51 година во брак, заедно починале од корона вирусот

Двојка од Флорида, кои биле во брак 51 година, починале од корона вирус. Според нивните блиски, Стјуарт Бејкер (74) и две години помладата Адријана Бејкер повеќе од половина век биле неразделни, а починале речиси истовремено, односно во временско растојание од шест минути.

Стјуарт и Адријана се заразиле со корона вирусот кон средината на март. Стјуарт, без да знае дека е заразен со Ковид-19 бил примен и в болница, а Адријана останала дома.

Кога дознала дека на сопругот му се влошила состојбата и оти е префрлен на интензивна нега, односно дека е позитивен на корона вирусот, Адријана отишла и таа да се тестира. Тогаш и нејзе ѝ се слошило.

Веста за нивната смрт ја сподели нивниот син Бади Бејкер, кој вели дека нивната состојба укажувала дека ќе ја пребродат болеста.

Тој повикува сите да бидат свесни и внимателни и да ги следат препораките на лекарите и стручните лица.