Свет 11. август 2020. / 14:56

Пo 35 години, јапонска компанија престана да произведува комјутери

Пo 35 години, јапонска компанија престана да произведува комјутери

Компанијата Тошиба тивко го затвори одделот за производство на лап топи  ставајќи крај на ова поглавје од својот бизнис по 35 години. По одлуката да се запре производството, јапонскиот производител ги продаде останатите акции на својот компјутерски оддел на Шарп.

Пред две години компанијата продаде 80,1 процентен удел во производство на персонални компјутери на Шарп за 36 милиони долари, по што Шарп го преименува во „Динабук“. Преземањето беше склучено, откако преостанатите 19,9 проценти од акциите ги сменија сопствениците.

Првите лаптопи на Тошиба беа произведени во 1985 година.  Цената на уредот беше околу 2.000 американски долари во средината на осумдесеттите години.

Тошиба беше на својот врв во текот на 90-тите и раните 2000-ти, но со доаѓањето на поголем број нови играчи, нивното ограничено снабдување предизвика пад на популарноста.