Свет 09. декември 2020. / 19:41

По 1.500 долари на секој што ќе ја прими вакцината против Ковид-19, предлага Американски конгресмен

По 1.500 долари на секој што ќе ја прими вакцината против Ковид-19, предлага Американски конгресмен

Секоја вакцинирана личност во САД треба да добие по 1.500 долари на рака предложи конгресменот од Демократската партија, Џон Делејни, во интервју за Си Ен Би Си.

– Нашата идеја е на овој начин да поттикнеме повеќе граѓани да се вакцинираат, за да може брзо да се достигне критичниот удел на повеќе од 70 отсто од нив. Штом 75 отсто од жителите на земјата се вакцинираат, толку побрзо ќе го ставиме крај на Ковид-19 и се ќе се врати во нормала, рече тој.

Во исто време, демократот посочи дека на тој начин вакцинацијата ќе може да остане доброволна и нема да мора да се наложува.

Ова е идејата на претседателот Трамп, кој ветува дека дозите ќе се добијат само со согласност на имунизираните. Ако сепак стрвавувате од вакцината и не сакате да ја примите, тоа е ваше право. Тогаш нема да учествувате во програмата, рече Делејни.

Меѓутоа, таквата идеја е далеку од реализација, особено a има предвид дека двете партии во земјата не можат да се договорат за следниот пакет мерки.