Свет 13. септември 2018. / 14:53

Пјер Московци, еврокомесар за економија: Италија е сериозен проблем

Пјер Московци, еврокомесар за економија: Италија е сериозен проблем

Италија мора да претстави кредибилен буџет за следната година, рече еврокомесарот Пјер Московици во четвртокот, нарекувајќи ја антиестаблишментската влада во Рим проблематична. Московици, кој раководи со портфолиото за економски и финансиски прашања на Европската комисија, ја повика Италија да го намали долгот и да ги поттикне економските реформи наместо да ги продлабочи дефицитите.

„Планот за буџетот на италијанската влада за следната година треба да биде кредибилен во однос на бројките, но и во однос на структурните напори. Италијанската економија има потреба од реформи. Запирањето на реформите и печатењето пари нема да ја спаси Италија,“ рече Московици.

Долгот на Рим во моментот изнесува 132 отсто од БДП, што го прави втор најголем долг во еврозоната по долгот на Грција.

„Не можете да живеете со нивото на долг во јавниот сектор од 120 отсто”, рече Московици.

Меѓутоа, анти ЕУ-владата во Рим формирана од крајно десничарската партија Лига и од антиестаблишментското движење Пет ѕвездички, е под притисок да ги исполни изборните ветувања и да ги зголеми трошењето наместо да го намали дефицитот, како што вети претходната влада .

„Проблем постоии тоа е Италија”, рече Московици. „Ќе се концентрирам на Италија повеќе отколку на што било друго. Италијанскиот раст е на дното на еврозоната, а слабата продуктивност на земјата е голем проблем”, рече комесарот.