Свет 02. декември 2019. / 20:43

Писонеро: Цел на новата ЕК ќе биде што повеќе Западен Балкан да го доближи до ЕУ

Писонеро: Цел на новата ЕК ќе биде што повеќе Западен Балкан да го доближи до ЕУ

Порпаролката на комесарот за проширување Ана Писонеро вели дека цел на новата Европска Комисија е во својот мандат што повеќе Западен Балкан до го доближи до ЕУ.

Дебатата за реформата на политиката на проширување веќе се води меѓу земјите членки, а ЕК ќе ги изнесе своите идеи кога ќе биде повикана за тоа – рече Писонеро.

Таа додаде дека земјите членки се уште официјално не побарале од Европската комисија да изработи свој предлог за методологијата на процесот на пристапување.

Го добивме францускиот предлог. Тоа е придонес кон дебатата која трае меѓу земјите членки – наведе Писонеро.

Таа кажа дека Комисијата е отворена да разговара за реформата на проширувањето, но дека нејзин моменателен приоритет е отворањето на пристапните преговори со С. Македонија и со Албанија.

Двете земји тоа го заслужија – наведе Писонеро, која на позицијата портпаролка на комисијата за проширување ја замени Маја Коцијанчиќ.

Таа, исто така, кажа и дека ЕК и нејзината претседателка Урсула фон дер Лајен, се децидни во ставот дека Западен Балкан има јасна ЕУ перспектива.