Свет 23. септември 2018. / 19:38

Пирати нападнаа швајцарски брод – 12 лица киднапирани

Пирати нападнаа швајцарски брод – 12 лица киднапирани

Пирати киднапираа 12 членови на екипажот, откако нападнаа брод што пловел под швајцарско знаме во близина на брегот на Нигерија.

Министерството за надворешни работи на Швајцарија соопшти дека е известено за нападот, а според медиумите екипажот броел 19 лица.

Компанијата сопственик на бродот соопшти дека ниту еден член на екипажот не е швајцарски државјанин.

Бродот превезувал жито од Лагос за Порт Харкорт.