Свет 22. ноември 2019. / 22:16

Пирати киднапираа Срби

Пирати киднапираа Срби

Официјални претставници на Екваторска Гвинеја соопштија дека пирати киднапирале седум странски државјани, меѓу кои има и Срби, од брод во Гвинејскиот Залив.

Според локалните власти, пиратите нападнале брод на компанијата „Ексон Мобиле” во близина на нафтеното наоѓалиште Зафиро.

Покрај киднапираните Срби, има и државјани на Јужна Африка, Филипини и Камерун.

Припадници на морнарицата подоцна се качиле на бродот и ги пронашла преостанатите осум членови на екипажот како се кријат.