Свет 28. октомври 2018. / 23:11

Пилотот спречил катастрофа – еве како паднал хеликоптерот

Пилотот спречил катастрофа – еве како паднал хеликоптерот

Пилотот на хеликоптерот на сопственикот на Лестер, Вичаи Шриваданапраба чие име уште не се знае спречил тотална катастрофа иако најверојатно е еден од петтемина загинати во несреќата што се случи до стадионот Кинг Пауер.

Според очевидци, тој се соочил со проблеми веднаш откако го напуштил стадионот, но умешно го однел хеликоптерот до паркингот кој бил празен за таму да се сруши.

Ако не успеел во тоа, можело да загинат многу луѓе кои во тој момент го напуштале Кинг Пауер и бројот на жртвите да биде и троцифрен, особено поради тоа што хеликоптерот експлодирал.

Уште не се знае кој го загубил животот во несреќата, нема ни официјално соопштение од Фудбалскиот клуб Лестер.