Свет 30. декември 2019. / 12:37

Пилотите и стјуардесите на Германвингс започнаа со штрајк

Пилотите и стјуардесите на Германвингс започнаа со штрајк

Пилотите и стујардесите од авиокомпанијата Германвингс (Germanwings) почнаа штрајк денеска што ќе трае до полноќ на 1 јануари 2020 година.

Поради штрајкот ќе бидат погодени и летовите на Јуровингс.

Според локални медиуми, можно е во штрајкот да се вклучат и вработени во авиокомпанијата Луфтханза.

Досега се откажани над 180 летови најголем дел на домашни линии.