Свет 10. април 2018. / 15:28

Пијан турист по грешка искачил планина на Алпите

Пијан турист по грешка искачил планина на Алпите

Следен пат кога ќе бидете на одмор, особено ако сте некаде на италијанските Алпи, не претерувајте со пиење. Инаку можно е да завршите како Павел, ама со многу помалку среќа.

Естонскиот турист, според италијанскиот La Stampa, бил на одмор во највисокиот ресорт на италијанските Алпи – Червиниа.Откако прилично се поднапил додека уживал во природата на ресортот, Павел тргнал да се враќа кон хотелот – така мислел. Само што всушност се упатил во спротивна насока, нагоре по планината.

Претпоставувајќи дека е на пат кон хотелот, Павел тргнал по стаза покриена со снег, која го одвела до ски стаза. Некаде меѓу 2 и 3 часот по полноќ, тој успеал да го искачи планинскиот срт, и да стигне до локалниот бар Igloo, кој е лоциран на висина од 2.400 метри надморска височина. Червиниа е на 2050 метри, патем.

Во меѓувреме, локалните и персоналот на ресортот го мислеле за исчезнат, па почнале потрага. Го нашле следното утрo како спие во барот.

Павел го нема искоментирано инцидентот, но и без тоа сме сигурни дека е пресреќен што налетал на засолниште. Вие можете да ја немате таа среќа, затоа подобро не се пијанчете по планини.