Свет 08. јануари 2021. / 07:30

Петта жртва од нередите во Вашингтон: Почина полицаец ранет за време на упадот во Капитол

Петта жртва од нередите во Вашингтон: Почина полицаец ранет за време на упадот во Капитол

Полицаец од Капитол починал поради повредите добиени за време на немирите во средата во Капитол Хил, пишува СиЕнЕн.

Тој е петата жртва од нередите кои во средата ги предизвикаа приврзаници на актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Се уште не се познати детали за повредите на полицаецот кој почина ден после насилниот упад во зградата на Конгресот.

Прва идентификувана жртва е Ешли Бабит. Врз 35-годишната американка е пукано од чувар на редот за време додека таа со останатите првиврзаници на Трамп влетаа во зградата на Конгресот. Ешли неколку часа откако беше ранета им подлегна на повредите во болница.