Свет 04. јуни 2018. / 19:20

Петмина повредени во престрелка на фудбалски наптревар во Далас

Петмина повредени во престрелка на фудбалски наптревар во Далас

Пет луѓе се ранети во пукотница на натпревар во американски фудбал во Далас, соопшти полицијата.

Две жени се во критична состојба, додека двајца мажи и уште една жена се со помали повреди.

Напаѓачот влегол на теренот со мопед и почнал да пука кон публиката додека траел натпреварот. Полицијата соопшти дека неколку луѓе од публиката возвратиле со огнено оружје.

Се уште не е познато дали меѓу повредените е и напаѓачот.