Пет лица загинаа, а 15 се повредени поради истекување на јаглерод моноксид во термоелектрана во провинцијата Гансу, во северозападнa Кина, објави новинската агенција „Ксинхуа“, повикувајќи се на информации од локалните власти.
До истекување на јаглерод моноксид дошло нешто после 11 часот по локално време во електраната „Џучуан груп“, додека работниците поправале бојлери.