Свет 02. декември 2019. / 14:30

Петер Сијарто ја критикуваше Финска поради неуспехот во проширувањето на ЕУ

Петер Сијарто ја критикуваше Финска поради неуспехот во проширувањето на ЕУ

Унгарскиот министер за внатрешни работи Петер Сијарто ја критикуваше Финска, која до крајот на месецов претседава со ЕУ, затоа што не успеала да изврши притисок за проширувањето на ЕУ за време на нејзиниот мандат.

По средба со колеги од Чешка, Полска и Словачка на состанокот на земјите од Вишеградската група, Сијарто изјави дека еден од „значајните пропусти“ на Европската Комисија во заминување што во октомври не одобрила почеток на пристапни преговори со Македонија и Албанија.

– Финска како претседавач со ЕУ, направи огромен пропуст во тој поглед – изјави Сијарто и изрази надеж дека новата Европската комисија ќе изврши притисок за проширувањето.

Земјите од Вишеградската група го поддржуваат проширувањето на ЕУ.