Свет 24. март 2019. / 17:02

Пет милиони луѓе се потпишаа за поништување на Брегзит

Пет милиони луѓе се потпишаа за поништување на Брегзит

Онлајн петицијата за укинување на Член 50 и поништување на Брегзит привлече голем интерес и досега ја потпишаа пет милиони луѓе. Ова е рекордна бројка на собрани потписи преку петиција, иако е активна само од февруари оваа година.

Рекордната бројка пристигна набрзо откако скоро милион луѓе излегоа на улиците на Лондон за да побараат втор референдум за Брегзит.

Поради популарноста на петицијата, веб-страницата на британскиот Парламент неколкупати се сруши, а најголем интерес за потпишување има од минатата среда до денес, откако премиерката Тереза Меј ја побара поддршката од народот.

Според мапата, најголем интерес за петицијата покажуваат луѓето од Лондон, но и од Ворвик, Кантербури, Оксфорд и Кембриџ, каде голем дел од популацијата се студенти и млади луѓе до 25 години.