Свет 26. март 2020. / 10:20

Персоналот во најголемата болница во Њујорк наместо заштитна опрема носи ќеси за ѓубре

Персоналот во најголемата болница во Њујорк наместо заштитна опрема носи ќеси за ѓубре

Поради недостаток на заштитна опрема, медицинскиот персонал во болница во Њујорк облекува ќеси што се користат за ѓубре!

Њујорк во моментот е најголемото жариште на коронавирусот во светот.

На интернет се појавија слики од медицински персонал од една болница кои се облечени во ќеси за ѓубре.

Се работи за болница на Менхетн, во која се вработени повеќе од 7.400 лица, а има 3.815 легла и годишно во оваа болница се раѓаат повеќе од 16.000 бебиња. Болницата Маунт Синај е универзитетска болница основана во 1852. година и е една од најстарите и најголемите болници во Америка.

„Од почетокот на овој хаос, добивме по едноз аштитно одело и маска и ни беше кажано дека до крајот на пандемијата нема да добиеме друга заштитна опрема. Кога тие одела се распаднаа, моравме да се снајдеме“, реклo лицето од медицинскиот персонал во болницата.