Свет 28. декември 2018. / 10:57

Пензионери тргнале на крстарење, па сакале да прошверцуваат кокаин вреден 2 милиони евра

Пензионери тргнале на крстарење, па сакале да прошверцуваат кокаин вреден 2 милиони евра

Двајца британски пензионери се обвинети дека се обидувале во Европа да прошверцуваат кокаин вреден повеќе од два милиони евра. Сузан (70) и Роџер (72) Кларк беа уапсени на 4 декември на брод за крстарење во Лисабон.

Иследниците откриле девет килограми кокаин скриени во куфери со двојно дно во нивната кабина. Двојката што сега живее во Шпанија претходно и била позната на британската полиција.

Тие се фатени со кокаин кога се враќаа од одмор на Карибите за кој билет чини околу 3.300 евра. Според неофицијални информации, постои можност двојката да работи со наркобандата Коста дел Сол, за која ја доставувале дрогата.

Двојката пензионери не сакаат да ја признаат својата вина, дури тврдат дека дрогата им е подметната, вели главниот инспектор на истрагата Витор Ананис.

Полицијата вели дека не давале отпор ниту се обиделе да ја убедат полицијата во својата невиност за време на апсењето. Тие биле откриени од страна на полицајци во цивил кои биле на крстарење со нив.