Свет 07. мај 2020. / 16:20

Пентагон призна дека американските војници минатата година убиле 132 цивили

Пентагон призна дека американските војници минатата година убиле 132 цивили

Во извештај изготвен од Пентагон се вели дека американските војници минатата година убиле 132 цивили во операции во Ирак, Сирија, Авганистан и Сомалија.

Според годишниот извештај, 108 од загинатите се во Авганистан, каде што САД против Талибанците ја водат најдолга војна во својата историја.

Невладините организации за човекови права редовно пријавуваат значително поголем број смртни случаи и повредени како резултат на американските напади.