Свет 03. јануари 2020. / 23:00

Пентагон праќа 3 000 војници во Блискиот исток

Пентагон праќа 3 000 војници во Блискиот исток

Како што јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана, САД ќе испратат неколку илјади војници на Блискиот исток по нападот во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.

Нападот го наредил Доналд Трамп, без знаење на Конгресот.

Иран веднаш реагираше бурно и најави одмазда, споменувајќи напади и можност за војна.

Дополнителните војници ќе бидат членови на 82-та американска дивизија за воздушни сили.

Си-Ен-Ен први објавија дека овие сили се ставени во мирување и дека ќе бидат распоредени на Блискиот исток доколку ситуацијата ескалира.

По нападот, Си-Ен-Ен објави дека цела бригада, околу 3.000 војници, заминала кон Иран.

Но, новинарка на ЦБС, напиша на Твитер дека ќе има околу 3.500 војници.