Пентагон обелодени дека неодамна бил мета на сајбер напад, при што се загрозени лични податоци и податоци за кредитни картички на американски и воени и цивилни службеници од Одделението за одбрана.
Во нападот се загрозени повеќе од 30.000 службеници. Со нападот не бил загрозен ниту еден доверлив документ.