Пентагон ќе испрати 3.750 дополнителни војници на југозападната граница со Мексико со цел да ги поддржат пограничните агенти во наредните три месеци, врз основа на одлуката одобрена од страна на в.д. министерот Патрик Шанахан од 11 јануари.
Со распоредувањето вкупниот број на активни сили за поддршка на царинските и граничните агенти ќе се зголеми на околу 4.350, се вели во соопштението на министерството за одбрана.
Претседателот Доналд Трамп, кој ја отслика состојбата на границата како кризна, се очекуваше да зборува за имиграцијата и неговиот предлог за ѕидот по должината на границата на САД со Мексико, за време на годишниот говор за состојбата на нацијата во вторникот.
Барањето на Трамп парите за ѕидот да бидат вклучени во буџетот предизвика ќор-сокак со демократите што доведе до делумна блокада на федералната влада во траење од 35 дена, која заврши на 25 јануари.