Свет 16. јануари 2020. / 22:52

Пентагон: Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак

Пентагон: Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак

Американските вооружени сили не планираат да го напуштат Ирак, а Вашингтон е во преговори со Багдад за присуството на американската војска во таа земја, изјави портпаролот на Пентагон, Џонатан Хофман.

Вооружените сили на САД немаат намера да ја повлечат војската од Ирак. Ние се уште имаме консултации со Ирак и сакаме да бидеме пријател и партнер на суверен и просперитетен Ирак. Наша желба и цел е моментно да ги задржиме американските сили во регионот и во Ирак, нагласи Хофман.

Според него, американските војници дознале за иранскиот ракетен напад врз двете бази во Ирак благодарение на системот за рано откривање, а не од трета страна.

 Ние имаме систем за рано откривање, кој се покажа многу ефективен, и благодарение на него нема повредени или загинати војници во тие напади, нагласи Хофман.