Свет 08. јануари 2021. / 07:16

Пенс против повикување на 25-тиот амандман со кој Трамп би бил избркан од Белата куќа

Пенс против повикување на 25-тиот амандман со кој Трамп би бил избркан од Белата куќа

Потпретседателот на Соединетите американски држави, Мајк Пенс, не се сложува за повикување на 25-тиот амандман на Уставот на САД со цел да се отстрани претседателот Доналд Трамп од власт, објави Њујорк Тајмс.

Висок републиканец за весникот изјави дека позицијата на Пенс е поддржана од „неколку претставници на кабинетот на Трамп“ кои сметаат дека ваквиот потег „ќе го распламти сегашниот хаос во Вашингтон, наместо да го спречи“.

Претходно, спикерот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, го повика Пенс да се повика на амандманот, со кој на потпретседателот му се дава овластување да го смени претседателот, доколку не се во можност да ги извршуваат своите должности.

Пелоси тврди дека Трамп е „многу опасна личност“ по немирите од страна на неговите приврзаници во Вашингтон.