Свет 27. јуни 2018. / 10:23

Пенс до мигрантите: Ако не можете да дојдете во САД легално, воопшто не доаѓајте

Пенс до мигрантите: Ако не можете да дојдете во САД легално, воопшто не доаѓајте

Американскиот потпретседател Мајк Пенс им порача на луѓето од централна Америка ако мислат дека не можат да имигрираат легално во САД, тогаш да не ни доаѓаат.

Пенс е во Бразилија, на својата прва станица од посетата на Латинска Америка, и рече дека има порака за луѓето од централна Америка, пренесе Ројтерс.

„Не ризикувајте ги своите животи или животите на своите деца обидувајќи се да дојдете во САД по пат со кој управуваат трговци со дрога или луѓе. Ако не можете да дојдете легално, немојте воопшто да доаѓате“, рече Пенс.

Пенс ќе се состане со претседателите на Гватемала и Хондурас, како со потпретседателот на Салвадор во четврток во Гватемала за да разговараат за прашањето на имиграција на јужната американска граница.

Пенс денеска се состана со претседателот на Бразил, Мишел Темер.