Свет 03. јануари 2021. / 23:02

Пелоси реизбрана за претседател на Претставничкиот дом на САД

Пелоси реизбрана за претседател на Претставничкиот дом на САД
Ненси Пелоси во 2019-та година буквално го искина говорот на американскиот претседател

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, која ги предводи Демократите во еден од двата дома во Конгресот од 2003 година, беше избрана за лидер на комората во неделата, пишува ЕнБиСи њуз.

Таа го обезбеди својот трет не последователен мандат и покрај тенкото мнозинство на демократите во Претставничкиот дом, бидејќи партијата изгуби околу десетина места во долниот конгресен дом на општите избори во ноември.

Исто така, денеска, новите членови на американскиот Сенат, кои беа избрани преку гласање во ноември, положија заклетва на Капитол Хил во неделата напладне, кога беа повикани пратениците да формираат 117. свикување на Конгресот.