Свет 16. јули 2018. / 16:12

Пеколни температури: Над 2.000 Јапонци во болница поради топлотен удар

Пеколни температури: Над 2.000 Јапонци во болница поради топлотен удар

Повеќе од 2.000 луѓе завршија во болниците во Јапонија, а две лица починаа од топлотен удар поради жешкиот бран што ја погоди земјата во текот на викендот.

Во земјата на изгрејсонцето и денеска има многу високи температури.

Температурата надмина 39 степени Целзиусови во западниот дел на Јапонија, додека во централните делови истата изнесува 38 степени, наведе агенцијата Киодо.