Свет 29. декември 2019. / 13:20

Педесетина луѓе починале од последици од зимата во Бангладеш

Педесетина луѓе починале од последици од зимата во Бангладеш

Најмалку 50 луѓе починале од последици од зимата во Бангладеш, додека ладниот бран и понатаму трае низ целата земја, соопштија медицински извори.

Студениот бран почна на први декември и ја зафати целата земја.

– Болниците се преполни со луѓе со заболувања предизвикани од долготраен студ, како што се грип, дехидрираност и пневмонија – информира владината претставничка за здравство, Ајеша Ахтер.

Најтешко се погодени сиромашните, како и децата и старите лица, додаде таа.

Метеоролозите соопштија дека студеното време, невообичаено за земјата, ќе трае уште неколку дена.