Кинеските власти воведоа забрани за сообраќај во три други градови, покрај Вухан каде што почна да се шири епидемијата на корона вирусот, за да спречат нејзино ширење, со што отсекоа од светот повеќе од 50 милиони луѓе во вкупно 16 градови.
Државните медиуми во Кина известуваат дека во Вухан само на возилата за достава ќе им биде дозволен сообраќај после полноќ.
Јавниот превоз е прекинат во почетокот на неделата, како и летовите и железничкиот сообраќај.
Околу 6.000 такси возила ќе бидат пренасочени кон периферијата на Вухан, за да им помогнат на граѓаните. Во Вухан пристигнаа 450 воени лекари со искуство во лекувањето на САРС и ебола.
Кинеските медиуми исто така јавуваат дека лекар починал во Вухан од вирусот. За друг лекар, се вели дека починал, но од срцев удар поради исцрпеност после часови прегледи. Досега, 41 луѓе починаа од вирусот, а повеќе од 1.300 се заболени.