Педест членови на екипажот на францускиот носач на авиони „Шарл де Гол“ имале позитивни тестови за корона вирусот, соопшти Министерството за одбрана.
Тројца морнари се евакуирани како „превентивна мерка“.
Резултатите од извршените 66 теста покажуваат дека 50 морнари се носители на вирусот, се вели во коминикето на Министерството, што следи 24 часа откако беше јавено за постоење случаи на корона вирусот меѓу морнарите.
Засега не е утврдено никакво влошување на здравствената состојба на морнарите. Како дошло до заразата на бродот се уште не е утврдено.