Свет 13. јуни 2020. / 16:07

Пазар во Пекинг ново жариште на корона вирус

Пазар во Пекинг ново жариште на корона вирус

Во Пекинг под карантин се ставени 11 станбени квартови поради појава на ново жариште на ковид-19 на пазар.

Како што соопштија кинеските власти, седум луѓе се заразени со корона вирус од пазарот, поради што се затворени девет училишта и градинки.

Според најновите податоци, во светот со Ковид-19 се заразени 7.741.062 лица, од кои 428.352 починаа, а оздравеле 3.966.877 луѓе.