Авионските патувања, внатре во државите, во Северна Америка, Австралија и Југоисточна Азија би можеле да се нормализираат до јуни, доколку сегашните напори насочени кон спречување на појавата на корона вирус се успешни, вели извршниот директор на најголемата агенција за туризам во Австралија, Грагам Тарнер.
Меѓународните авионски патувања, во меѓувреме, би можеле да бидат во мирување уште шест месеци, изјави Тарнер за СиЕнБиСи.
-Моето чувство е, и ова е на места како Југоисточна Азија, Австралија, Северна Америка, дека внатре во земјите работите ќе се нормализираат, главно од владините одлуки, во јуни, изјави Тарнер.