Свет 05. јануари 2021. / 19:14

Патријархот Вартоломеј потврди дека ќе се вакцинира против Ковид-19

Патријархот Вартоломеј потврди дека ќе се вакцинира против Ковид-19

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, денеска, одговарајќи на прашање на весникот „Вима“, изјави дека со сигурност ќе ја прими вакцината против Ковид-19.

– Мислам дека мојата возраст го бара тоа. Се приближувам до 81 година, па затоа спаѓам во возрасната група што треба да се вакцинира. Сепак, ова не е прашање само на потреба или избор, туку и на одговорност пред ближниот, нагласи Вселенскиот патријарх.

Тој изрази надеж дека поголемиот дел од светската популација наскоро ќе биде вакцинирана за да се запре ширењето на смртоносниот вирус.