Пилотот на прекуокеанскиот лет од Њу Џерси до Глазгов, заспал во бизнис-класа. Додека патниците биле во шок од инцидентот, вработени во авијацијата рекле дека тоа е нормално. Само еден час по полетувањето, пилотот уредно ја соблекол својата униформа, вечерал и заспал. Тоа го видел пензиониран полицаец, кој повикал неколку патници да сведочат на тој настан.
Photo of pilot sleeping in first class sparks outrage https://t.co/srtQlYlH7J pic.twitter.com/luLVLSl3qt
— Travelvane Inspire (@travelvane) September 11, 2018
Откако отспал час и половина, пилотот се разбудил и им тропнал на вратата на екипажот, за да му отворат да влезе во кабината.
„Не верувам дека пилотот на летот со неколку стотина луѓе би можел да си дозволи вакво однесување“ рекол некој патник, кој прв го видел.
Целосен пресврт на приказната настанал откако стигнала во медиумите, па се огласила и Федералната управа за авијација во Велика Британија, која соопштила дека тоа не само што е нормално, туку е и утврдено со закон.
„Пилотот е обврзан да се одмори ако летот надминува 8 часа. Додека постои предвидено место за тоа во повеќето авиони, во помалите прекуокеански, како што е Боинг 757, постои седиште во бизнис класа е резервирано за секој пилот, за да може да се одмори. Ништо во оваа ситуација не е необично или незаконско“ рекле од Управата.
Авио компанијата „Јунајтед“ соопштила дека екипажот наместо двајца ја сочинувале тројца, поради што било невозможно во исто време во кабината да бидат тројцата.