Свет 17. април 2018. / 20:25

Патниците во паника: Моторот на авионот експлорида сред лет (ФОТО+ВИДЕО)

Патниците во паника: Моторот на авионот експлорида сред лет (ФОТО+ВИДЕО)

Во воздух експлодира моторот на патнички авион „Боинг 737“ кој летал од Њујорк и требало да слета во Далас, при што принудно слетал на аеродром во Филаделфија.

Во авионот нагло паднал притисокот, откако дел од моторот се откачил, удрил во прозорецот и го скршил.

Една од патничките за малку ќе била исфрлена од авионот, но другите патници успеале да ја спасат.

По успешното слетување на аеродромот во Филаделфија биле пречекани од екипи на Итна помош.