Еден патник на летот од Шимкент кон Астана во Казакстан, го сними драматичното слетување на авионот.
Имено, поради силните ветрови и дождот авионот многу се тресел и вртел при слетувањето, па излетал од пистата и запрел во тревата.
Сите патници биле видно вознемирени, но за среќа никој не е повреден.
Од друга страна, персоналот од аеродромот соопштил дека еден од моторите на авионот се оштетил.