Властите во Сингапур одлучија дека некои патници кои пристигнуваат во земјата, ќе треба да носат електронски уреди за следење за да се осигурат дека ги почитуваат правилата за карантин.
Од 11 август, такви уреди ќе треба да носат сите странци и граѓани на Сингапур кои доаѓаат од одредени земји и мора да бидат во изолација.
Слични мерки презедоа и Јужна Кореја и Хонг Конг. Уредот користи ГПС и блутут за да ја одреди локацијата и да им испраќа на корисниците упатства што да прават. Ако некое лице го напушти местото на самоизолација, уредот го открива и го пријавува на надлежните органи.
Властите во Сингапур соопштија дека нема да ги чуваат личните информации на корисниците и дека уредите немаат функција за снимање. Помладите од 12 години ќе мора да го носат уредот.
Оние кои не ги почитуват овие мерки, ќе бидат казнети според Законот за инфективни болести кој предвидува до шест месеци затвор или околу 7.000 американски долари.
Во Сингапур има регистрирани 52.825 заразени луѓе, од кои повеќето се работници мигранти кои живеат во преполни домови.