Свет 16. септември 2018. / 15:55

Париз: Претресен автомобил на елисејските полиња, нема никаква опасност

Париз: Претресен автомобил на елисејските полиња, нема никаква опасност

Единицата на француската полиција за уништување на бомби изврши претрес на сомнителниот автомобил паркиран на Елисејските полиња и утврди дека не претставува опасност за безбедноста.

Како што јави МИА, француската полиција денеска го затвори делот на Елисејските полиња во близина на Трумфалната капија и ги пренасочуваше минувачите поради сомнителното возило што беше паркирано во тој дел.

При истрагата беа користени кучиња-трагачи и роботи.