Моторџии со Харли-Дејвидсон, облечени како Дедо Мраз, минаа денеска во традиционално возење низ центарот на Токио во знак на протест против злоставувањето на деца, истакнувајќи дека повеќе деца биле изложени на некаква форма на злоупотреба оваа година поради пандемијата на коронавирусот.
Парадата, проследена со трка на играчки кои потоа им беа дистрибуирани на децата, е глобална традиција непосредно пред Божик.
Во Токио, настанот беше организиран од членови на „Харли Дедо Мраз“, клуб основан во 2008 година.
– Децата беа повеќе изложени на насилство оваа година отколку порано, поради заклучувањето и сметаме дека многу вакви дела поминаа незабележано. Многу е можно нивните родители да ги изгубиле работните места и фрустрацијата да ја истурале врз своите деца, па затоа годинава парадата е од голема важност, рече Такаши Мине, директор на настани.
Бројките покажуваат дека насилството врз децата е зголемено за 20 отсто во периодот од јануари до март во споредба со истиот период минатата година.