Свет 07. декември 2020. / 14:48

Папата со историска посета на Ирак следната година

Папата со историска посета на Ирак следната година

Папата Франциско ќе го посети Ирак следната година помеѓу 5-ти и 8-ми март, објави Ватикан.

Тој ќе посети пет градови, вклучувајќи ги Багдад, Ербил и Мосул. Тоа е прва посета на папа на Ирак, објави „Ројтерс“.

-Програмата за патувања ќе биде објавена навремено и ќе ја земе предвид еволуцијата на здравствената состојба во светот, се вели во изјавата на портпаролот Матео Бруни.